NEXUS Agents
Веб и видливост

Да те најдат, и кога ќе те најдат, да купат.

Сајтот е продавач што работи и кога ти спиеш. Го градиме да се вчитува брзо на телефон, да се појавува кога некој бара што продаваш, и да го води посетителот до барање, повик или нарачка.

Разговарај за веб

Што правиме

  1. Веб-страници и бизнис апликации

    Од сајт за претставување до продажба и интерни алатки за тимот. Македонски и англиски, брз на мобилен, со јасен пат до контакт.

    Кога: сајтот не носи барања, или го немаш.

  2. SEO и GEO

    Видливост на Google и во AI пребарувачите како ChatGPT и Perplexity: структура, опис, податоци за фирмата и содржина што одговара на вистинските прашања на купувачите.

    Кога: конкуренцијата се појавува, а ти не.

  3. Онлајн продавници

    Продавница со плаќање со картичка, залиха и нарачки, која продава само тоа што го имаш. Што нема цена или залиха, оди на „Побарај понуда“.

    Кога: продаваш преку пораки и сакаш нарачките да доаѓаат сами.

  4. Одржување на сајтови

    Ажурирања, резервни копии и безбедност, месечно по договор. Резервната копија се чува и надвор од серверот.

    Кога: сајтот е важен, а никој не се грижи за него.

Сајтови што ги изработивме

Како работиме

Краток разговор, писмен предлог со опфат и цена, па работа што ја прегледуваш на секој чекор. По проект или месечно, по договор.

Разговарај за веб