Да те најдат, и кога ќе те најдат, да купат.
Сајтот е продавач што работи и кога ти спиеш. Го градиме да се вчитува брзо на телефон, да се појавува кога некој бара што продаваш, и да го води посетителот до барање, повик или нарачка.
Разговарај за вебШто правиме
Веб-страници и бизнис апликации
Од сајт за претставување до продажба и интерни алатки за тимот. Македонски и англиски, брз на мобилен, со јасен пат до контакт.
Кога: сајтот не носи барања, или го немаш.
SEO и GEO
Видливост на Google и во AI пребарувачите како ChatGPT и Perplexity: структура, опис, податоци за фирмата и содржина што одговара на вистинските прашања на купувачите.
Кога: конкуренцијата се појавува, а ти не.
Онлајн продавници
Продавница со плаќање со картичка, залиха и нарачки, која продава само тоа што го имаш. Што нема цена или залиха, оди на „Побарај понуда“.
Кога: продаваш преку пораки и сакаш нарачките да доаѓаат сами.
Одржување на сајтови
Ажурирања, резервни копии и безбедност, месечно по договор. Резервната копија се чува и надвор од серверот.
Кога: сајтот е важен, а никој не се грижи за него.
Сајтови што ги изработивме
- Virtus Proпродавница со македонска и англиска верзија.
- CodeVentaсајт и продавница.
- IK Legal Consultancyсајт за адвокатска канцеларија.
Како работиме
Краток разговор, писмен предлог со опфат и цена, па работа што ја прегледуваш на секој чекор. По проект или месечно, по договор.
Разговарај за веб
NEXUS Agents