Камера, дрон, 360°, и вештачка интелигенција каде помага.
Сликата и видеото се првото што купувачот го гледа. Снимаме на терен, од воздух и во 360°, а вештачката интелигенција ја користиме таму каде што заштедува време без да ја расипе сликата.
Разговарај за продукцијаШто правиме
Фотографија
Производи, простор и луѓе: за продавница, мрежи, каталог и печат.
Кога: производите изгледаат подобро во живо отколку на сајтот.
Видео
Реклами и кратки видеа за мрежите, во формати за Instagram, Facebook, TikTok и YouTube.
Кога: ти треба видео што се гледа до крај.
Снимање од дрон
Објекти, простор и настани од воздух, со монтажа подготвена за сајт и мрежи.
Кога: просторот е твојата најдобра реклама: хотел, вила, градилиште, настан.
360° снимки
Виртуелна прошетка низ простор, вградена на твојот сајт.
Кога: купувачот сака да го види просторот пред да дојде.
Погледни ги работите
- Портфолиофотографии, видеа, дрон и 360° снимки од нашите проекти.
Како работиме
Краток разговор, писмен предлог со опфат и цена, па работа што ја прегледуваш на секој чекор. По проект или месечно, по договор.
Разговарај за продукција
NEXUS Agents