Како се користат податоците од барањето
Контакт-податоци
Формата бара име, е-пошта и порака; телефон и фирма се по избор. Ги користиме само за да одговориме на твоето барање. Не те додаваме на листа за маркетинг. Пораката стигнува на igor@nexusagents.mk.
Анализа на вашата веб-страница
Пред резултатот бараме е-пошта и согласност со ова известување. Адресата на сајтот што ја внесуваш се анализира, меѓу другото преку Google PageSpeed Insights. Е-поштата, адресата и согласноста стигнуваат на igor@nexusagents.mk како барање за анализа, за да можеме да разговараме за наодите. Резултатот се прикажува на екран; извештај по е-пошта не се праќа автоматски. Не внесувај приватна адреса или адреса со чувствителни параметри.
За проверката „Подготвеност за агент“ нашиот Worker ја отвора почетната страница на внесениот сајт, како и неговите robots.txt и llms.txt, само за читање. Одговорот на прашањето колку брзо одговарате на барања е по избор и стигнува заедно со барањето за анализа.
Услуги што ги пренесуваат податоците
- Cloudflare: хостинг на сајтот и обработка на формите преку Worker.
- Cloudflare Turnstile: заштита од автоматизирани барања, со токен и технички податоци потребни за проверката.
- FormSubmit: пренос на пораката до нашата е-пошта.
- Google PageSpeed Insights: анализа на адресата на сајтот, само кај барањето за анализа.
- Google Workspace: е-поштата во која пораките се чуваат.
- Metricool: статистика за посетите на сајтот.
Кодот на Worker-от не ги запишува содржините на формите во логови и не користи база ни друго складирање. Овие услуги може да чуваат свои технички записи.
Рок на чување
Контакт-барањата и барањата за анализа ги чуваме 90 дена по последната комуникација, па ги бришеме рачно. Барањата што прераснуваат во проект се водат во посебна проектна евиденција со сопствен рок.
Твоите права
Според Законот за заштита на личните податоци имаш право на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, пренос и приговор, како и право во секое време да ја повлечеш согласноста. Барањето прати го на igor@nexusagents.mk; одговараме најдоцна во рок од еден месец. Ако сметаш дека податоците не се обработуваат законито, можеш да поднесеш барање до Агенцијата за заштита на личните податоци.